Skip to main content
Македонија

Ангелов: Пожарот кај фабриката Самоков е активен, но нема опасност по објектот

08/07/2025  18:21

Пожарот кај фабриката Самоков втор ден е активен, но според информациите што попладнево ги сподели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, нема опасност по фабриката. Под контрола се ставени три крака од пожарот.

– Директорот на фабриката и градоначалникот на Општина Македонски Брод ме известија дека нема потреба од дејство на „ер тракторот“ којшто цел ден дејствуваше на овој потег околу фабриката. Под контрола се ставени три крака на овој тежок пожар. Останува активен еден крак и за да се избегне опасност по блиското село „ер тракторот“ ќе продолжи да дејствува ова попладне се додека условите го дозволуваат тоа, информира Ангелов во најновата изјава.

Поради пожарите, денеска Владата на седница донесе одлука за прогласување на кризна состојба на територија на државата во траење од 30 дена.