
Од информациите што пристигнуваат од терен е и таа во која се вели дека една од вратите била заклучена и дека доколку била отворена ќе можело побргу да се спасат.
Директорот на ЦУК, Стојанче Аnгелов, кој беше на местото на настанот за ММС ги демантираше шпекулациите дека токму таа врата била заклучена од MВР, бидејќи имало рација.
-Не е точно дека МВР ја затворила вратата. Вратата била заклучена од сопственикот којзнае од кога и имало катанец, а од надвор имало стиропор. Таа е секундарна врта и била забарикадирана којзнае од кога. Ова е голема трагедија, која не се опишува со зборови, рече кусо Ангелов за ММС.