Skip to main content
Македонија

Андовски во Кичево: Конкретен план за нова и функционална болница

29/07/2026  15:51

Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски, градоначалникот на Општина Кичево Александар, Јованоски и директорката на Општа болница Кичево, Маја Цветановска Трајковска, заедно со делегација на Светска банка, ја посетија болницата во Кичево и го разгледаа концептот за изградба на нова болничка установа.

Планираната инвестиција е проценета на околу 1,38 милијарди денари, односно 22,5 милиони евра.

„Кичево со децении се соочува со несоодветни болнички услови. Време е овој проблем да добие трајно и функционално решение. Целта е граѓаните да добијат сигурна здравствена грижа во својот град, а здравствените работници современи услови за работа”, изјави Андовски.

Новиот комплекс ќе располага со современи простории за дијагностика, болничко лекување и ургентна нега, системи за медицински гасови и енергетски ефикасни решенија.

Болницата ќе обезбедува услуги за Општина Кичево, како и за населението од околните места, со што ќе се намали потребата пациентите да патуваат во Скопје, Охрид и Битола.

Новата болница треба да стави крај на долгогодишната неизвесност и да обезбеди трајно здравствено решение за Кичево и околината.