Skip to main content
Македонија

АМСМ: За влез на Табановце се чека над еден час, за излез на Богородица околу 15 минути

02/08/2026  08:58

АМСМ информира дека утрово интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање на граничните премини е следно:

  • ГП Табановце за влез во земјата, повеќе од еден час
  • ГП Богородица за излез од земјата, околу 15 минути

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.