Skip to main content
Свет

Американските сили повторно го нападнаа иранскиот остров Кешм

14/07/2026  19:55

Иранската новинска агенција Фарс јави дека попладнево регистрирани се неколку експлозии на островот Кешм, во близина на Ормуска Теснина.

Фарс наведе дека областа Масан на островот Кешм изминатите денови беше неколку пати нападната од американскиот непријател.

Претходно, државната Иранска новинска агенција (ИРНА) јави дека проектили погодиле четири локации во градот Бушер, со што „продолжува кршењето на примирјето од страна на американскиот непријател“.

Во покраината Бушер е лоцирана единствената активна иранска нуклеарна електрана.

Нападот врз градот Бушер уследи по експлозиите во пристанишниот град Бандар Абас и во Џогатаи.