Skip to main content
Свет

Американскиот Конгрес изгласа да бидат објавени досиејата на Епштајн

18/11/2025  22:00

Американскиот конгрес денеска ја усвои одлуката за наредбата на Министерството за правда јавно да се објават сите истражни досиеја за починатиот сексуален предатор Џефри Епштајн.

За усвојување на наредбата гласаа 427 пратеници, додека против беше само републиканецот Клеј Хигинс од Лујзијана.

Следен чекор е гласањето во Сенатот, а доколку тамошното мнозинство ја изгласа, наредбата ќе треба да биде потпишана од претседателот Доналд Трамп. Претседателот претходно најави дека ќе ја потпише наредбата, иако има овластување да му наложи на Министерството за правда да ги објави документите и без гласање.