
САД вчера запленија трговски брод кој се обидел да ја заобиколи американската блокада на пристаништата долж иранскиот брег, соопшти Централната команда на САД.
Бродот „Севан“, што беше пресретнат во Арапско Море, бил дел од „флота во сенка“ од 19 бродови кои транспортирале ирански нафтени производи на странски пазари.
Бродовите во „флотата во сенка“ на Иран се санкционирани од Министерството за финансии на САД за активности поврзани со транспорт на ирански енергетски производи во вредност од милијарди долари, вклучувајќи пропан и бутан, на странски пазари.
Од почетокот на блокадата на САД, 37 бродови се „пренасочени“, соопшти американската војска.


