Skip to main content
Хроника

Американец тешко повреден при слетување со параглајдер кај Битола

06/07/2026  14:16

Државјанин на Соединетите Американски Држави се здобил со тешки телесни повреди при несреќа со параглајдер што се случила во атарот на битолското село Породин, во близина на индустриската зона Жабени.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 5 јули во 15:52 часот во СВР Битола.

Станува збор за 59-годишниот Ф.Б. од САД, кој при слетување со параглајдер изгубил контрола над леталото и паднал, при што се здобил со сериозни повреди.

На местото на несреќата интервенирала екипа на Итната медицинска помош од Битола, која повредениот веднаш го транспортирала во Клиничката болница во Битола.

По извршените лекарски прегледи, кај американскиот државјанин биле констатирани тешки телесни повреди, по што тој бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола, која работи на утврдување на сите околности што довеле до несреќата.