Skip to main content
Македонија

Алиу-Мемишоглу: Постои можност за уште поинтензивна македонско-турска соработка во здравството

26/11/2025  13:26

Во рамки на 11. Турски медицински конгрес кој се одржува во Анкара, министерот за здравство, Азир Алиу оствари средба со министерот за здравство на Република Турција, Кемал Мемишоглу.

Република Турција беше една од земјите кои ја пружија својата поддршка за хоспитализација и третман на повредените лица од пожарот во Кочани, потсетува Министерството за здравство.

Министерот за здравство на Република Турција, Кемал Мемишоглу изрази задоволство од добрата соработка меѓу двете пријателски земји, притоа нагласувајќи дека постојат уште многу можности за интензивирање на оваа соработка во повеќе здравствени сегменти.