Skip to main content
Македонија

Алиу го разреши директорот на Клиниката за неврологија

10/10/2025  19:15

По појавата на скандалозно видео кое попладнево кружи на социјалните медиуми дека конзумира дрога, Министерството за здравство соопшти дека министерот Азир Алиу донел одлука за разрешување на директорот на ЈЗУ Универзитетската клиника за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски.

Од Министерството информираат дека во најкраток можен рок ќе биде именуван нов директор, во согласност со законските процедури.

„Работата на Клиниката продолжува непречено,“ се наведува во официјалното соопштение.