Skip to main content
Македонија

Алиу: Дефинираме десетгодишна национална стратегија за човечки капацитети, во здравството е потребно долгорочно планирање

03/10/2025  12:17

Министерот за здравство Азир Алиу во вчерашното гостување во емисијата „Само Интервју“ на Канал 5 телевизија се осврна на долгорочното планирање и креирањето политики во здравството.

Во однос на одливот на лекари во странство, министерот посочи дека платата нема улога во тоа, туку други два важни фактора – подобра инфраструктура и кариерен развој.

– Ние веќе работиме на отстранување на дел од овие работи, на пример во однос на постара инфраструктура, веќе најавивме нова инвестиција од 205 милиони евра во здравството. Мислам дека ќе имаме позитивен тренд на враќање на доктори од странство, додаде министерот.

Министерот Алиу во гостувањето се осврна и на оптимизирање на системот МојТермин, со оглед дека дигитализицијата е една од клучните активности и креиран е посебен сектор кој се бави само со дигитализација.