Skip to main content
Балкан

Албанија води по број граѓани кои живеат во странство

24/12/2025  20:05

Албанија е на врвот меѓу земјите од Западен Балкан по бројот на граѓани кои подолг период живеат во странство, иако во 2024 година е забележан пад. Според истражување на Советот за регионална соработка (RCC), 34,7% од Албанците изјавиле дека престојувале надвор од земјата повеќе од три месеци, што е највисок процент во регионот, под влијание на традицијата на емиграција и сезонска работа.