Skip to main content
Балкан

Акропол денеска затворен од 13 до 17 часот поради високите температури 

08/07/2025  10:17

Поради високите температури најавени за денеска, во периодот од 13 до 17 часот, Акрополот во Атина ќе биде затворен за туристи, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Археолошката управа во Атина утрово соопштија дека Акропол на четири часа ќе биде затворен за безбедноста на вработените и посетителите.

Во Грција денеска се очекуваат температури над 40 степени.