
Студентките обединети во кампањата „Жените во први редови“ во центарот на Белград одржаа 18 минутно молчење за загинатите во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад и жртвите на фемицид.
Во одбележувањето на Меѓународниот ден на жената 8 Март, им се придружија студенти и граѓани. Беа истакнати транспарентите „Без жени нема револуција“, „Не сакам роза, туку револуција“, како и „Студенти со студентките“, јави Бета.
Предвидено е учесниците на собирот да отидат и до Вишото јавно обвинителство каде ќе зборуваат за фемицидот, но и за проблемите што студентките ги доживеаја за време на протестите и претходно.