Skip to main content
Македонија

Агенцијата за иновации, научно – технолошко развој и претприемништво (ИНОВА) и Стопанската комора на С. Македонија потпишаа Меморандум за соработка

29/04/2026  17:40

​Агенцијата за иновации, научно – технолошко развој и претприемништво (ИНОВА) и Стопанската комора на Северна Македонија (ССКМ), денеска потпишаа Меморандум за соработка, со цел интензивирање на технолошкиот развој и поддршка на иновативниот потенцијал на домашниот приватен сектор.

​На денешната работна средба, претседателот на Комората, г-дин Бранко Азески и  г-ѓа Даниела Димовска директорка на ИНОВА , го официјализираа партнерството кое претставува институционална рамка за идна координација и заеднички активности.

​Клучните цели на потпишаниот Меморандум вклучуваат:

Синергија помеѓу јавниот и приватниот сектор, креирање поволен екосистем за развој на иновации преку дирекно поврзување на институционалните капацитети со потребите на бизнис заедницата.

​Зголемување на конкурентноста, поддршка за компаниите во процесот на дигитална и технолошка трансформација насочена кон подобрување на нивниот настап на меѓународните пазари.

​Размена на знаење, формирање на канали за постојан трансфер на информации и најдобри практики помеѓу научната и деловната заедница.

​Потпишувањето на овој документ ја потврдува заедничката стратешка определба за градење економија базирана на знаење и висок технолошки развој, што е од суштинско значење за долгорочниот економски раст на земјата.