
Во германската сојузна држава Саксонија-Анхалт првпат е избран политичар од ултрадесничарската партија Алтернатива за Германија (АФД) за претседател на покраинскиот парламент.
– Јас не сум тврдокорен, јас сум прагматичар, наведе Тобијас Рауш откако беше избран за претседател на парламентот во Саксонија-Анхалт,
Рауш (35) беше избран со 48 гласа „за“ на конститутивната седница на парламентот во Магдебург, што значи дека девет пратеници од други партии гласаа за него.
Левичарската популистичка партија Алијанса Сара Вагенкнехт пред седницата најави дека ќе го поддржи кандидатот на АфД.
АфД убедливо победи на изборите во неколку покраини на почетокот на септември, но не успеа да освои апсолутно мнозинство и му е потребен партнер за да формира влада.
Главниот кандидат на АфД во Саксонија-Анхалт, Улрих Зигмунд, најави дека во декември кандидира за премиер на покраината.
АфД преговара со Алијанса Сара Вагенкнехт за формирање за малцинска влада, но разговара и со други парламентарни групи за поддршка на првата покраинска влада на Алтернатива за Германија.


