Skip to main content
Македонија

Аеродром конечно добива полициска станица со управни служби за лични документи

18/09/2025  12:52

Жителите на Општина Аеродром за првпат ќе можат во својата општина да извадат лични документи – лични карти, пасоши и возачки дозволи. Новиот објект на полициската станица, кој е во завршна фаза, ќе овозможи побрз и поефикасен пристап до услуги за граѓаните.

Градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески, денеска заедно со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изврши увид во изградбата на објектот.

– По мое барање, во новата станица ќе бидат сместени и управни служби, со што жителите на Аеродром значително ќе добијат на квалитет и ефикасност во добивањето на услуги – истакна Митески.

Тој додаде дека станува збор за значајна инвестиција со која Аеродром конечно добива репрезентативен објект, каде граѓаните ќе можат брзо и ефикасно да ги остваруваат своите права.

„Се грижиме за подобри услуги и за безбедноста на сите граѓани“, нагласи градоначалникот.