Skip to main content
Скопје

Аеродром добива нов урбан простор пред Капитол

09/04/2026  14:46

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и сопственикот на Трговскиот центар „Капитол Мол“, Ајдован Адемоски, извршија увид во градежните активности за уредување на просторот во непосредна близина на трговскиот центар, каде се оформува модерна јавна зона – наменета за дружење, рекреација и квалитетно поминување на слободното време.

Во рамките на уредувањето се поставува современо детско игралиште од отворен тип, со безбедни и квалитетни реквизити кои ќе донесат радост за најмладите.

Просторот се збогатува и со фитнес справи на отворено, урбана опрема (клупи, маси и столчиња), корпи за отпадоци, како и целосно партерно и хортикултурно уредување, со што создаваме пријатна и уредена околина за одмор и дружење за сите генерации.

Од Општина Аеродром упатија благодарност до компанијата „Сити Плаза ДОО Скопје“, која е сопственик на Капитол Мол Скопје за нивната благородна донација, високата општествена одговорност и значајната поддршка во реализацијата на овој проект, што директно го унапредува квалитетот на живот во нашата општина.