Search

Aгенцијата за медиуми за случајот со Златев: Обвиненијата против новинари негативно влијаат врз слободата на медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е загрижена за состојбата со слободата на информирање поради одлуката на Основното јавно обвинителство да покрене обвинение против новинарот и главен уредник на порталот „Бизнис лидер“ Љупчо Златев поради објавување интерни документи од Управата за безбедност за контраразузнавање.

„Информирањето за случај за можна злоупотреба на одредена институција, за кој се води судски процес е една од суштинските задачи на слободните и независни медиуми. Ваквиот јавен надзор гарантира одговорност и транспарентност на државните органи. Агенцијата, како и досега, апелира новинарите да ги почитуваат професионалните и етичките новинарски стандарди, да информираат објективно, непристрасно, а инстититуциите да имаат предвид дека покренувањето обвиненија против новинари за објавување информации негативно се одразува врз слободата на медиумите и врз напорите за заштита на јавниот интерес“, велат од Агенцијата.

Обвинителството вчера соопшти дека против Златев е поднесен предлог за обвинение поради oдавање службена тајна. Оттука велат дека во текот на првата половина на јули тој направил достапни за јавноста податоци од Управата за безбедност и контраразузнавање, сегашна Агенција за национална безбедност, до кои дошол на противправен начин.

Треба да знаете
Последни објави