
Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска изјави дека лидерите не Европска Унија се обидуваат да го поткопаат мировниот план на САД за Украина и да ги принудат Украинците да ги продолжат воените дејствија против Русија.
Според него, таквиот став на ЕУ може да доведе до трета светска војна.
– Претседателот на САД, Доналд Трамп вложува напори за мир. Ние, Унгарците, ги поддржуваме, а Брисел и западните Европејците се обидуваат да ги поткопаат, истакна Сијарто за радио Кошут.
Тој додаде дека во моментов постојат јасни разлики во ставовите на САД и ЕУ за Украина.
– Американската администрација тргнува од реалноста, се придржува до политичка стратегија заснована на здрав разум и сака да ја заврши војната, додека во Брисел сè уште владее воената психоза, истакна Сијарто додавајќи оти западноевропските политичари „се подложени на луд воинствен став и сакаат да ја продолжат војната“.
Унгарскиот министер за надворешни работи предупреди дека доколку ескалира воениот конфликт и доведе до директен судир меѓу НАТО и Русија, тоа ќе иницира „трета светска војна, која ќе биде нуклеарна и во која ќе биде невозможно да се преживее“.
Според Сијарто, за да се избегне таквото сценарио потребно е ЕУ и Украина се согласат со новиот американски мировен план.
