Skip to main content
Живот

Апел за помош: На малиот Никола болен од леукемија итно му е потребна крв во Турција!

22/11/2025  15:31

“АПЕЛ – ИТНО е потребен донор!

На десетгодишниот Никола Черкезов, кој веќе 4 години храбро се бори со леукемија и моментално е на лекување во болницата Medical Park Bahçelievler Hospital, Истанбул (Турција), ИТНО му се потребни гранулоцити од крвна група A+.

Донорот мора да биде турски државјанин или да има важечка виза за престој.

Ги повикуваме сите хумани луѓе со крвна група A+, кои се наоѓаат во Истанбул и имаат турско државјанство, да се јават и да помогнат во најважната животна битка на Никола.

Воедно, ги молиме сите што имаат пријатели или роднини во Истанбул да го споделат овој апел — можеби токму тие ќе можат да помогнат!

Контакт телефони за дополнителни информации (клиника):
Азра: ‪+90 536 888 92 51‬
Дилек: ‪+90 543 897 09 94‬
Валентина (мајката на Никола): ‪+389 70 420 603‬ WhatsApp, Viber

Ви благодариме од срце на сите што ќе споделат и ќе помогнат. 🙏❤️

Локација на болницата:
https://maps.app.goo.gl/gin5mGJUzFXsPjP49?g_st=aw“, стои во објавата на социјалните мрежи.