Skip to main content
Македонија

Божиновска на Форум за слобода: Енергетиката не трпи импровизации и брзи, опасни потези од денес за утре – туку ред и стратегија за систем што трае, или не си фактор”

22/11/2025  11:11

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на дводневниот „Форум за слобода”. Панелот посветен на енергетиката, привлече значително внимание поради нејзиниот директен и аргументиран пристап кон енергетската политика – тема која денес е клучна за секоја модерна држава

Во своето обраќање, министерката Божиновска потенцираше дека од формирањето на Министерството во 2024 година, енергетскиот сектор минува низ најдинамичниот реформски период досега.

,,Овој сектор не смее да прави драматични, брзи и опасни скокови. Правиме стабилни, и пресметани чекори – затоа што енергетиката е место каде или имаш контрола, план и ред или не си фактор.” рече Божиновска.