
Денес без вода за пиење се селата од Кравари до граничениот премин Меџитлија, соопшти ЈКП Водовод Битола
„Во текот на денешниот ден, 21.11.2025 година, со прекинато водоснабдувањето се населените места од Кравари до граничниот премин Меџитлија.
Со оглед на временските неприлики и поплавените делови, екипите на терен се соочуваат со потешкотии при лоцирање на дефектот, поради што интервенцијата може да потрае подолго од вообичаено, соопштија од ЈКП Водовод Битола.
Центарот за управување со кризи информира дека Поради обилните врнежи од дожд во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемување на водостоите на реките како и одредени излевања, поплавени објекти и одрони.
Битолски регион: Излевање на реката Шемница кај с. Лера со поплавена куќа и штали. Во општина Новаци е прекинат патот кон рудникот Брод–Гнеотино поради надојдена вода од Црна Река.
Преспански регион: Излевање на реки во с. Царев Двор и Дрмени со поплавени куќи; Постои опасност од излевање на Голема Река.

