Skip to main content
Хроника

Пронајдени 10 мигранти, приведен криумчар од Албанија, следува пријава

20/11/2025  11:27

На 19.11.2025 во 23:35 часот на ул.„Вардарски рид“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода В.Ц.(24) од Република Албанија.

При контрола на патничко возило „киа“ со албански национални ознаки, кое го управувал, пронајдени се 10 лица мигранти, од кои седум од Египет и три од Мароко. Мигрантите се сместени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија, а лицето е задржано во полициска станица.

Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.