
Мини-пиците се идеален избор за брз оброк, забава со друштво или вкусна ужинка за целото семејство. Лесни се за подготовка, а совршено меки и сочни.
Состојки:
- 600 грама брашно
- 7 грама сув квасец (20 грама свеж квасец)
- 1 лажица шеќер
- 1 мала лажица сол
- 100 мл масло
- 150 мл млако млеко
- 225 мл млака вода
- 300 грама гауда кашкавал
- 150 грама шунка
- 150 мл пасирани домати
- оригано
- 3–4 домати на кругови-листови исечени
- гранче босилок
Подготовка:
Во длабок сад ставете ги млекото, водата, шеќерот и квасецот. Оставете да се активира околу 10 минути. Додадете го маслото, брашното и солта. Замесете меко тесто и оставете го на топло околу 1 час да нарасне.
Поделете го тестото на 16 еднакви делови и оформете мали кругови. Наредете ги на плех обложен со хартија за печење.
На секој круг ставете пасирани домати, шунка, рендана гауда и по едно парче домат. Посипете со оригано. Печете во загреана рерна на 200°C околу 15 минути. Кога се послужуваат, одозгора декорирајте со босилок.
