Skip to main content
Македонија

СДСМ го исклучува од членство советникот од општина Карпош

17/11/2025  18:56

На денешната седница Извршниот одбор на СДСМ донесе одлука да започне постапка за исклучување од членство член на Советот на општина Карпош, заради непочитување на одлуките и ставовите на СДСМ и работење спротивно на интересите на партијата.

Советникот гласаше за изборот на претседател на Советот во Карпош спротивно на партиските одлуки и ставови. Согласно Статутут на СДСМ, непочитување на одлуките, работење и гласање спротивно на интересите на СДСМ како и нанесување значителна штета на партијата повлекува одговорност а тоа се однесува и на сите избрани советници.

ИО на СДСМ најостро ги осудува сите притисоци, уцени и закани врз советниците во советите на општините на локално ниво од страна на ВМРО-ДПМНЕ, за што партијата ќе преземе соодветни мерки за нивна заштита.