
Дијана Хрка објави дека го прекинува штрајкот со глад пред собранието на Србија во Белград што траеше 16 денови.
„Кога реков дека се оградувам од студентите и граѓаните, ме разбраа погрешно. Се оградив за никој да не штрајкува со мене. Ќе ги повикам студентите и граѓаните на состанок за да се договориме, добив благослов од двајца свештеници да го прекинам штрајкот, од медицинските работници, од децата повик да го прекинам штрајкот со глад. И јас од денеска ќе го прекинам штрајкот“, рече Хрка.
„Можам да направам многу повеќе ако сум жива, и ќе направам, ќе поместам многу граници“, рече Хрка.
Синот на Дијана Хрка загина во падот на бетонската настрешница лани во Нови Сад. Дијана Хрка го започна штрајкот со глад на 2 ноември, ден по големиот комеморативен собир во Нови Сад одржан на годишнината од несреќата, барајќи надлежните органи да ги испрашаат и приведат сите лица осомничени за падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, да ги ослободат сите нелегално притворени студенти и да распишат вонредни парламентарни избори..
