
Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, во емисија изнесе, како што рече, уште еден скандал поврзан со директорот на Платежната агенција, а во кој се открива поврзаноста на акуелниот министер за земјоделство, Цветан Трипуновски и директорот на Платежната агенција Стоилев. Николовски посочи дека првиот договор што го потпишал министерот за земјоделство Трипуновски, за доделување земјоделско земјиште бил на ќерката на директорот на Платежната агенција.
„Прв договор кој што го има потпишано министрот Трипуновски за доделување на земјодолско земјишто на почетокот на јули минатата година, кога дојде на функцијата министер е со ќерката на актуелниот директор на Платежната агенција кој денеска е во притвор, тоа е Ана Стоилева. Тоа говори за уште поблиските односи кои што ги има со оваа светиниколска врска. Ова јавно го кажувам, а по допрен глас може да се постапува“, рече Николовски.
Тој додаде дека Платежната агенција откако Трипуновски е министер за земјоделство е партизирана.

