Skip to main content
Хроника

Тетовец се превртел од четирицикл, со тешки повреди пренесен во болница

10/11/2025  12:53

На 09.11.2025 околу 15:10 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат с.Гургурница-с.Стенче, тетовско, С.П.(48) од с.Челопек, тетовско, управувајќи четирицикл „поларис” со швајцарски национални ознаки, изгубил контрола и се превртел на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.