
Универзитетскиот професор Љубомир Фрчковски синоќа во емисијата „Во Центар“ со Васко Ефтов осврнувајќи се на состојбите во СДСМ оцени дека екс претседателот Стево Пендаровски „роварел“ низ СДСМ.
Денес, по повод ваквите тврдења со реакција се јави и самиот Пендаровски.
„Во врска со изјавата на Љубомир Фрчковски дадена во емисијата “Во Центар” во која во негативен контекст го споменува моето име, сакам да го дадам следново појаснување:
Изјавата е проблематична минимум на две нивоа: македонската јавност добро знае дека во моето 30-годишно бавење со јавните работи никогаш не сум “мешетарел” како многу други во чии кариери нема ништо друго освен задкулисни маневри и кафеанско озборување. Меѓутоа, многу поголем проблем е што изјавата е целосно одлепена од реалноста и фактите, што, за жал, се случува кај некои луѓе поради “квалитетот” на изворите со кои се дружат“ пишува Пендаровски на социјалните мрежи.

