Skip to main content
Спорт

Триумф на Ландо Норис на ГН за Бразил

09/11/2025  22:02

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, е победник на Големата награда на Бразил, 21-та трка од шампионатот во Формула 1.

Норис доминираше на патеката Интерлагос, прво победи во спринтот, а потоа се искачи на врвот на подиумот на главната трка.

Второто место го освои Андреа Кими Антонели од Мерцедес, а трет заврши Макс Ферстапен иако имаше многу лоша почетна позиција (стартуваше од пит-лејнот), како и лоша среќа бидејќи на стартот му се дупна гумата.

Четвртото место му припадна на Џорџ Расел во друг Мерцедес, веднаш пред Оскар Пјастре на Мекларен.

Оли Берман од Хас ја освои шестата позиција, 29 секунди зад Норис, додека Лиам Лосон, Исак Хаџар, Нико Хулкенберг и Пјер Гасли исто така освоија поени.

Норис е лидер во генералниот пласман со 390 поени, тој има 24 поени повеќе од второпласираниот Пјастри. На третата позиција е Верстапен, кој има 341 поен.

Борбата за титулата продолжува со Големата награда на Лас Вегас, која е закажана за 20-22 ноември.