Skip to main content
Магазин

Северина падна на сцена за време на настап 

07/11/2025  22:51

На социјалните мрежи се појави видео од концерт на Северина, кое за кратко време стана вирално. Познатата хрватска пејачка за време на изведбата на една од своите песни енергично скокаше и трчаше по сцената во високи штикли, но во еден момент се сопна и падна на глава.

„Опа!“, се слуша гласот на момчето кое го снимало моментот.

По падот, Северина неколку секунди остана да лежи на грб со раширени раце, а потоа, со насмевка и без паника, стана и продолжи да пее како ништо да не се случило — гест кој публиката го поздрави со громогласен аплауз.

Фановите на социјалните мрежи ѝ честитаа за професионалноста и енергијата, коментирајќи дека „вистинските ѕвезди не се сопнуваат, туку продолжуваат да светат“.

ЛИНК ДО ВИДЕО