Skip to main content

Претходно ТВ Н1 јави дека патничките возови до Нови Сад нема да сообраќаат попладнево и наутро на 1 ноември, и не е можно да се купат  билети онлајн.

На веб-страницата на „Србијавоз“, кога ќе се избере опцијата за онлајн купување билети за 31 октомври и 1 ноември и ќе се внесат посакуваните дестинации има известување дека „нема возови на бараната дестинација“.

Утре во Нови Сад ќе се одржи комеморативен собир по повод една година од загинувањето на 16 луѓе во пад на бетонска настрежница на железничката станица во Нови Сад.

И пред другите поголеми протести во Србија имаше соопштенија за „информации за експлозивни направи во возови“. Тие експлозивни направи никогаш не беа пронајдени, јави Н1.