Skip to main content
Свет

Трамп заигра во Малезија: Американскиот претседател ги изненади сите со својот танц

26/10/2025  22:38

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна денес во главниот град на Малезија, Куала Лумпур, на 26 октомври, на првата средба од неговата азиска турнеја.

Пречекот на меѓународниот аеродром беше свечен и колоритен, со традиционални изведби и танцови, на кои Трамп не остана рамнодушен — им се придружи на изведувачите и самиот заигра, предизвикувајќи насмевки и аплаузи кај присутните.

Посетата на Малезија претставува почеток на серијата средби на американскиот претседател со лидери од регионот, насочени кон унапредување на економската и безбедносната соработка меѓу САД и азиските држави.

ЛИНК ДО ВИДЕОТО