
Поголем број на граѓани со своите автомобили се заглавени на паркинг во скопски Аеродром на денот на локалните избори откако купиште со ѓубре е исфрлено на средина на паркинг улица на булеварот Јане Сандански.
Граѓаните кои утринава тргнаа да го остварат своето избирачко право се револтирани што не можат со своите автомобили да излезат од паркинг просторот и мораат да одат пешки.
Прашање е како овој смет се најде тука, кој го исфрли и зошто е надвор од контејнер.