Репрезентација од Јужна Америка по десетти пат го освои СП, репрезентациите од Европа имаат 12 победи

Победата на Аргентина на Светското првенство во 2022 година беше десетта за јужноамериканските селекциите во историјата на турнирот.

Во финалето на Мундијалот во Катар избраниците на Лионел Скалони ја совладаа Франција (3:3, 4:2 по пенали).

Бразил го држи рекордот со пет титули на Светските првенства, Аргентина трипати го освои трофејот, а Уругвај двапати.

Европските репрезентации го освоија турнирот 12 пати. Најмногу, четири пати Италија и Германија, два пати Франција, по еднаш Англија и Шпанија. 

Треба да знаете
Последни објави