Skip to main content
Хроника

Повреден работник од „Комунална хигиена“ – пренесен во болница

10/10/2025  14:53

На 09.10.2025 во 09:00 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив со повреди е донесен Р.Љ.(41) од Скопје.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи за Јавно претпријатие „Комунална хигиена“ на подрачјето на Центар.

Известен е трудов инспектор.