Skip to main content
Балкан

Страшна снимка од Грција: Балкон падна од зграда, додека жена минува по тротоарот (ВИДЕО)

08/10/2025  19:55

Балкон се урна во Грција, а жена за влакно избегна смрт.

Безбедносните камери во грчкиот град Лаврио забележале момент кога балкон од двокатна зграда се урнал.

Прво дел од парапетот се одвоил и паднал врз конструкцијата, по што целиот балкон се урнал на улицата пред аптеката.

Жената која во тој момент минувала на неколку сантиметри од местото на падот имала среќа да остане жива и поминала само со полесни повреди. Големи парчиња бетон паднале од висина од околу два метри, предизвикувајќи значителна материјална штета и на четири возила.