Skip to main content
Македонија

Габриела Илиевска: Кој рече дека жените не можат да возат камион, да водат град и да ги решаваат проблемите во градот?

08/10/2025  18:28

“Кој рече дека жените не можат да возат камион, да водат град и да ги решаваат проблемите во градот?

Како и досега продолжуваме да ги слушаме граѓаните, кои се нивните проблеми и предлози и заедно бараме начин да ги решиме.
Од секоја улица, секое маало, секое населено место, секоја рурална средина – ДА СИ ЈА ВРАТИМЕ БИТОЛА!

Ако секојдневно ги слушате потребите и проблемите на граѓаните и барате начин за нивно спроведување или решавање, тогаш сте ги вклучиле своите сограѓани во одлучувањето. Достапноста, отвореноста и почитувањето на мислењето на секој еден е она нешто на кое ќе останувам доследна затоа што сметам дека е клучно за вклученост на граѓаните во носењето на одлуки. А кога граѓаните го имаат главниот збор, тогаш сме ја вратиле Битола на граѓаните!

Еден за сите, сите за Битола! Битола на граѓаните!”, веки Габриела Илиевска, независна граѓанска иницијатива од “Поинаку”