Skip to main content
Скопје

Кучиња удриле во жена на Партизанска и се повредила од падот: „Ја однесоа со брза помош со неколку скршеници и пукнат нос”

08/10/2025  16:35

Денеска жителка на Скопје сподели вознемирувачко сведоштво во објава на Фејсбук, каде посведочела како на Партизанска спроти Симпо, во жена удрила глутница од кучиња.

„Човек побезбеден ќе се чувствува низ шума ако шета, отколку низ главниот град. Утрово бев сведок на ужасен настан. На партизанска, спроти Симпо, во една жена се удри споулавена глутница кучиња, која ја кутна на земја. Жената ја однесоа со брза помош со неколку скршеници, пукнат нос и кој знае колку страв. Да не зборувам за стравот на ќерка ѝ која дојде да ја земе. Ѓубре, смрдеа, глутници кучиња – главен град“, се вели во нејзината објава на Фејсбук.

Во објавата, таа сподели и две фотографии од лице место кои ќе вознемират многумина.