Skip to main content
Хроника

Изградил објект без одобрение и узурпирал дворно место во Национален парк Шар Планина – тетовчанец кривично ќе одговара

08/10/2025  16:20

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Д.(42) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.

Во текот на 2024 година, на парцела во државна сопственост во с.Селце, пријавениот во својство на инвеститор изградил објект без соодветна одобрение за градба и узурпирал дворно место на територија на Национален парк Шар Планина.