Skip to main content
Хроника

Жител на Сандево крадел нафта од училиште, фатен е на дело

07/10/2025  11:26

Полицијата го привела 41-годишниот А.Ш. од Скопје под сомнение дека сторил кривично дело согласно член 236 од Кривичниот законик на Република Македонија. Лицето било лишено од слобода синоќа околу 21:25 часот од страна на припадници на СВР Скопје.

Според информациите, А.Ш. бил затекнат во дворното место на основното училиште во скопското село Сандево, каде од резервоарот на училиштето одземал нафта.

Одземената нафта е вратена на одговорното лице од училиштето, а по извршениот увид и целосното документирање на случајот, против приведениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.