Skip to main content
Свет

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

05/10/2025  17:08

Околу 1.000 луѓе се заглавени во камповите на источната падина на Монт Еверест во Тибет поради снежна бура што ги блокираше патиштата и во тек е акција за нивно спасување.

Kинеските медиуми објавија дека стотици локални жители и спасувачи се мобилизирани за да го расчистат снегот и да обезбедат пристап до областа, која се наоѓа на надморска височина од над 4.900 метри. Некои туристи веќе се евакуирани од планината.

Снежните врнежи започнаа во петокот и продолжија вчера, соопшти Туристичката компанија на округот Тингри. Продажбата на билети и пристапот до туристичката област Еверест се прекинати.

Во меѓувреме, од другата страна на границата во Непал, поројните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето и поплави што ги блокираа патиштата, урнаа повеќе мостовите и однесоа најмалку 47 жовечки животи. (МИА)