
Соопштение на СДСМ:
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствивал на партиски состонок за изборите во партиски штаб на ДПМНЕ во Кривогаштани.
На истиот состанок присуствувал и полицискиот инспектор при ОВР Прилеп, Сашо Јосифоски, што претставува директно кршење на Законот за внатрешни работи.
Очигледно партизираната полиција на Тошковски е целосно ставена во функција на ВМРО-ДПМНЕ наместо на изборниот процес.
Ова е флагрантна злоупотреба на институциите во партиски цели.
Министерот Тошковски, наместо да гарантира независност и професионалност на полициските структури, ја претвора полицијата во сервис на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ бара разрешување на полицискиот инспектор, суспензија, дисциплинска постапка и одговорност од Тошковски.
Полицијата мора да биде во служба на граѓаните, а не во служба на ДПМНЕ.
Македонската јавност веќе еднаш видела што значи партизирана полиција – притисоци, закани и злоупотреби во изборен процес. Тоа нема да се дозволи повторно.