На 19.10.2024 година во 16.30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на кеј „Македонија” во Охрид патничко возило „ауди А3″ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(19) удрило во пешак П.К.(18) двајцата од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот П.К., констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо” во Охрид При ударот било оштетено паркирано патничко возило „фолксваген транспортер” со тетовски регистарски ознаки, паркирано од А.К.(51) од Тетово. Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.
Прегазен пешак во Охрид
20/10/2024 11:33