Skip to main content
Македонија

НАЈАВА ЗА МНОГУ ЛАДНО УТРО: Ќе има минус и мраз!

04/10/2025  15:17

Поради разведрувањето во текот на оваа ноќ и утре (недела 5 октомври) наутро, очекувам многу ладно утро со многу ниски температури на воздухот, невообичаени и значително потпросечни за овој период од годината.

Температурите кои ги очекувам утре наутро ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени, а на планинските места со поголема надморска височина ќе биде и уште поладно.

Во Скопје и околината утре наутро температурата ќе се спушти до близу 0 степени.

Токму поради очекуваните ниски температури, на повеќе места во нашата Македонија ќе има појава на слана и на мраз.