Skip to main content
Хроника

Наставник физички нападнал ученик во основно училиште во Кисела Вода

03/10/2025  13:44

Според информациите од МВР, на 02.10.2025 во 13:10 часот во СВР Скопје, А.К.(39) од Скопје пријави дека на 30.09.2025 во 16:10 часот во основно училиште на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Г.Ј., наставник во училиштето.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.