Skip to main content
Економија

МФ: Исплатени 19,4 милиони евра нова транша за поддршка на домашните компании

03/10/2025  10:03

Исплатена нова транша од 1,2 милијарди денари (19,4 милиони евра) од централниот Буџет кон Развојната банка, средства кои се наменети за поддршка на инвестициските проекти на домашните компании. Оваа финансиска поддршка е обезбедена по поволни услови преку унгарскиот заем, соопшти Министерството за финансии.

Со оваа исплата, вкупната сума од 190,5 милиони евра веќе е трансферирана кон домашната економија преку оваа мерка, која има за цел да поттикне инвестициски циклус во приватниот сектор. Во Буџетот за 2025 година се предвидени вкупно 250 милиони евра за поддршка на инвестиции, што се очекува да предизвикаат инвестиции во приватниот сектор вредни околу 300 милиони евра.