Skip to main content
Македонија

Судски совет го разреши судијата Енвер Беџети

03/10/2025  00:13

Судскиот совет го разреши Енвер Беџети, судија во Апелациониот суд, кој со години ги чуваше предметите на Сашо Мијалков во фиока за да застарат. Со оваа одлука, Беџети повеќе нема да ја извршува судиската функција.

Во решението за разрешување стои дека тој е отстранет поради сторена потешка дисциплинска повреда што го прави недостоен за вршење на судиската функција, како и поради нарушување на угледот на судството.

Беџети заедно со првиот вицепремиер Артан Груби се најде на американската црна листа поради прикривање и забошотување на предметите во кои беше обвинет поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.

Според Стејт департментот, судијата примал мито и бил вмешан во значителна корупција, поради што му е изречена забрана за влез во САД.