Skip to main content
Македонија

На Попова Шапка уште снежи, првиот снег целосно ја прекри областа на Шара

02/10/2025  17:02

Попова Шапка утрово се разбуди под снежна белина – целиот планински предел е прекриен со првиот снег што падна во октомври. Снегот и натаму паѓа, а коловозите и покривите веќе добија неколку сантриметри бела прекривка, објави Скопје1.

Слична глетка има и во Лазарополе, каде исто така се забележува првиот снег за оваа сезона.

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавуваат дека следуваат далеку пониски температури, особено во планинските региони, каде што ќе продолжи да се формира снежна покривка. Во останатите делови на земјата се очекува значително заладување со утрински минимални температури под просекот за овој период од годината.